Александар Угриноски, млад, шармантен, креативен сопственик на комбе-бар НОМАД во ова интервју ќе ни раскаже како започнува приказната за НОМАД! Еден интересен бизнис зад кој стои уште поинтересна позадина.. прочитајте!
Кој е Александар Угриноски?
Хаха, како да кажам кој сум, тешко прашање кога се уште понекогаш се случува да се фатам во момент кога сфаќам дека не се познавам себеси. Инаку цел живот се занимавав професионално со кошарка, но за жал годините а и потребите си го прават своето. Веќе две години сум надвор од кошарката, а од неодамна го започнав мојот бизнис НОМАД.

Што е НОМАД?
НОМАД е електрично комбе-бар кое може да се лоцира по желба, а се управува и како секое останато возило. Всушност, НОМАД е мојот бренд, многу повеќе од обично комбе за пијалоци. Специјализирано, дизајнирано, по нарачка изработено токму онака како го имав замислено. НОМАД за мене преставува многу повеќе од бизнис, тоа зборува за времето кога бев постојано далеку од дома, далеку од семејството и пријателите.

Зошто токму името НОМАД го одбра за име на твојот бренд?
Како што кажав пред малце.. Професијата како кошаркар ме оттргна од дома на мои 14 години што за едно дете е навистина тешко да расте само, во непозната околина, без пријатели, без семејство, но жртвите за кошарката секогаш мораа да бидат големи бидејќи целев високо.. Селејќи се во најразлични држави, Хрватска, Австрија, Италија, Америка, Шпанија, постојано наидував на таа различна околина, различна култура, за мене сосема непозната, и многу често се чуствував како да не припаѓам таму, едноставно не ги чуствував тие места како мој дом... а комбето го крстив НОМАД токму затоа што “номад” по дефиниција означува племе кое заради немањето на свое живеалиште постојано било приморано да се сели. Јас во тие моменти се чуствував како номад. Од тука произлезе и името, уште од првиот ден кога ми дојде идеата за овој бизнис името не беше дискутабилно.. Мислам дека доколку станеше збор и за друг бизнис, името ќе беше тоа..

Какви се производи се достапни за вашите клиенти?
Имаме за почеток кафиња, овошни салати и смути-ња со најразлични вкусови кои ги правиме од сезонско овошје што значи дека постојано се фокусираме на свежина на производите за истите да бидат здрави за конзумирање. Се грижиме за нашите клиенти и напорно работиме за да се прилагодиме кон она што е актуелно и потребно за нашите клиенти. Пред се сакаме да понудиме квалитетна услуга која денес, поготово во Скопје е тешко да се сретне.

Колку е тешко да се задоволат клиентите со оглед на тоа дека ова е сепак нешто необично за нашиот простор, а македонците се познати по скептицизмот?
Да се задоволи клиент е навистина тешко и треба максимално да се вложиш себеси доколку сакаш истиот повторно да се врати кај тебе, а не да отиде кај конкуренцијата. Посебно е тешко да задоволиш некој кому стандардите веќе му се на надпросечно ниво.. но од таа причина ние навистина се трудиме се да биде беспрекорно, тргнувајќи од свежината на овошјето, квалитетот на кафето, хигиената, па се до однесувањето и комуникацијата со клиентите. Мислам дека сепак клиентите си заминуваат од кај нас задоволни и среќни, а доказ за тоа е што барем еден ден да не нема на секојдневната локација наредниот ден веднаш не прекоруваат “Каде бевте вчера, ние дојдовме ве немаше?!”. Во тие моменти, искрено ми се полни срцето бидејќи гледам дека полека успевам во реализација на мојата мисија и не планирам тука да застанам..

Кога веќе се спомена конкуренција, колку е таа присутна во вашиот бизнис?
Конкуренција ако може да се каже ни се кафулињата кои нудат добро кафе, цедени сокови и смути-ња.. Но сепак ние не сме кафуле. Ние работиме на принцип TO GO, па мислам дека директна конкуренција сега за сега немаме со оглед на тоа што сме прв и единствен објект од ваков тип.

Она што ме интересира, каков е менталитетот во Скопје за TO GO принципот на услужување?
Скопје е шемаџиски град, луѓето сакаат да седнат да испијат кафе во атрактивните кафулиња во Дебар Маало. Но дефинитивно сум пријатно изненаден од фактот дека секој ден гледам се повеќе луѓе во Градски Парк кои се шетаат со своите семејства, поминуваат време за играње со своите деца, спортуваат. И истите тие наместо да губат време на асвалт, во градската гужва, доаѓаат во НОМАД, купуваат кафе за нив, смути за децата, се стационираат на клупа или пак ќе свртат кругче околу паркот, едноставно уживаат во природата. Но сепак тоа е сеуште еден мал процент од народот, а менталитетот мислам дека допрва ќе се развива бидејќи е практичен избор доколку се брзате за на работа, состанок, тренинг...

Колку е тешко да се започне свој бизнис?
Тешко да се започне не е, доволна е само желбата. Но тешко е истиот да функционира како што треба, а за тоа е потребно многу напорна работа.

Кои се твоите очекувања во поглед на НОМАД?
Моите надежи и очекувања се многу променети од првиот ден кога започнав со работа, и секојдневно се менуваат морам да признаам. Првиот ден кога тргнав да работам мислев дека ќе бидам пресреќен доколку продадам барем едно кафе и не очекував ништо повеќе. Но се случи пресврт, луѓето буквално го бомбардираа НОМАД а јас на моменти морав да праќам пријатели да ми носат свежо овошје и кафе на секој пола саат. Така да мислам дека со секојдневното усовршување очекувам се повеќе од самиот себе бидејќи навистина сакам да изградам препознатлив и квалитетен бренд, но на крајот од денот тоа зависи од задоволните клиенти. Тие се секогаш на прво место.

Какви се вашите планови за во иднина?
Планови ги има многу, некои помали некои поголеми, но сега за сега не откривам ништо да не се урочам.
Го спомена Градски Парк, каде се можеме да ве сретнеме?
Преку работната недела до 15 часот сум во Државната болница, а по 15 часот и за викендите сум кај седумте чешмички во Градски Парк. Повелете, ве чекам на едно бомбастично смути!

Интервјуто го водеше Стефанија Златку
Фризура АДО HAIRDO салон