Porsche 911 Turbo S со громогласен "крик"

Koli.com.mk

13/05/2015

13:20

4.264

Големина на фонт

а а а

Низ улиците на Лондон "дивее" разновидна "егзотика". Сопствениците буквално се натпреваруваат кој ќе има поуникатен транспорт...

Повторно доаѓаме до познатиот слоган „подобро да се биде богат, отколку да не се биде“. Овој пат, јунакот на приказната е бел Porsche 911 Turbo S со 900 КС, кој во последно време често е присутен на лондонските улици. Автомобилот е од Катар, а поседува одлични компоненти како каросерија направена од јаглеродни влакна, црни фелни, засилен турбо полнач... Сепак, најзабележлива работа се громогласните ауспуси.

Кога ќе се зголемат вртежите, од издувните цевки излегува пламен, а звукот потсетува на пресметка со огнено оружје…