Унгарскиот дизајнер Оскар Ваги дизајнираше модерна бебешка корпа за идните шик родители. Дизајнирана во елегантен, минималистички стил, бебешката лулка е изработена од сив мек филц и кожа.
Нежната колепка е изработена од само едно парче филц и моделирана со кружна форма што го обвива бебето во заштитна прегратка, која го чува и му нуди мирен сон и безбедно лулање овозможено од цврстите кожени колани со кои е прицврстена да виси.

Поради совршената и едноставна геометрија со која се карактеризира, природните материјали од кои е изработена и двојната функција на лулка и креветче со која се одликува, „Little Nest“ изгледа како постојано да ги чува бебињата во идеална, топла прегратка. Колепката е лесна и реагира на секое мало движење на бебето, со што го смирува со нежно нишање. Формата е надополнета со интересни материјали кои ѝ даваат современ и примамлив дизајнерски изглед.