Оваа млада хероина се грижи за здравјето на многу луѓе, доближувајќи ги до Органската храна секојдневно. Анастасија Ашкилова е дипломирана актерка која по волја на судбината се занимава со Органска храна, мотивирајќи ги домашните производители да произведуваат, а граѓаните да се хранат и бидат здрави. За органската храна и Органик Базар читате во ова интервју за Точка со Анастасија.
Како ја дефинираш органската храна?
Органската храна за да биде органска мора да има документ за неа, односно сертификат. Тоа е еден од доказите дека е органска храна. Тој сертификат покажува со што, бидејќи при одгледување на органска храна има дозволиви супстанци со кои може да се прска производот, како на пример пробиотици, позитивни бактерии, ѓубрива кои не се хемиски бидејќи хемиски супстанци не се дозволиви. Тоа е таа разлика помеѓу органски и неоргански производи. Се останато е прскано со хемија. За било кој производител да докаже дека неговите производи се органски мора да го поседува тој сертификат, бидејќи може навистина да продава органска храна, но не би имал со што да докаже... доколку секако потрошувачот сам не го однесе купениот производ во некоја лабораторија.

Органска наспрема еко-храна, која е разликата?
За органската веќе објаснив што претставува. Еко храна, односно био-храна или имаме тогаш кога се што правите е само го пуштате семето во земја и и оставате на природата да си ја заврши својата работа. Буквално, не додавате ниту вода. Производите растат по природен пат без никаква дополнителна човечка помош.
Ја конзумира ли Анастасија органската храна?
Секако дека ја кознзумирам. Не конзумирам само органска бидејќи се’ уште не може се да е органско меѓутоа работиме на тоа да направиме што е можно повеќе да има.

Ти си дел од “BeOrg” (e-fresh), кажи ми повеќе за оваа компанија за органска храна?
“BeOrg” е компанија која што соработува со поголемиот дел на органските производители, иако јас би сакала да можеме со сите да соработуваме. Ние ја продаваме храната која што тие ја понудуваат. Тоа е чисто само органска храна.
Периодов го најавувате Органик Базар, сите производители ќе можат да си ги пласираат своите производ во “Skopje City Mall” и сите ќе можат да си купат, па што се’ ќе може да се најде на овие тезги?
Така е, го најавуваме Органик Базар, онаму каде што ќе може да се најде речиси се. Свеж зеленчук, морков, краставици, пиперки, зелка, спанаќ, марули, рукола, домати, боранија, грав, ориз, кромид, лук и сите мешункасти зеленчуци. Ќе може да се најде и јаболка, киви, кајсии, праски, сливи, цреши, вишни. Ќе има и органски џем, кечап, салца, сирење, зејтин и секако козметика. Сега за сега тоа ми паѓа на памет. Работиме на случајот да воведеме некои новитети, да биде наше производство, навистина сакаме и се трудиме да има што повеќе наше производство, бидејќи за увоз не е проблем, има, поентата е да ги поттикнеме нашите луѓе тука да го направат тоа.

Имам информација дека порано во Македонија имало околу 2.000 производители, а денес се сведени на 300. Зошто е тоа така?
Кога почнувало ова да се случува пред десеттина години, започнало да се случува само кај производителите. Тие биле тие кои биле информирани, а нашиот народ кој треба да ја конзумира таа храна не бил доволно информиран. Не знаеле што е тоа, не верувале, исто како сега некој ќе каже “Како да не, органско... од каде да знам дека е органско?” ... и имало преголемо производство, а немале пари да се пласираат. Цените тогаш биле превисоки за тоа време. Поради тоа за овие десет години бројот е намален но сега пристигнува повторно време кадешто свеста на народот е веќе на повисоко ниво и има побарувачка. Самите доаѓаат и прашуваат дали има некој одреден прозивод.

Има ли примери каде што органската храна излекувала многу луѓе или им помогнала да го подобрат здравјето?
Тоа е точно. Еве еден личен пример. Всушност така е и настаната целата приказна. Татко ми имаше операција на срце по која му кажуваат дека тој ќе мора цел живот да биде на апчиња поради срцето и ќе мора да ги пие до крајот на животот. Татко ми таков каков што е, по три месеци рече “Јас ова не го можам и нема шанси да го правам. Сакам да видам што можам да направам со себе”... Тој започнува да конзумира исклучиво органска храна. Знае да се напие и вино и ракија, но се разбира – органско. Прекинува да пие било каква терапија, престанува да оди дури и на контрола и еве сега после неколку години да ни земат крв мислам дека неговата ќе биде поздрава.
Има пример и со уште еден органски производ – сребрена вода. Девојче на мои блиски пријатели лежи на клиника од неизлечлива бактерија во крвта. Тие ми се јавуваат за матичен млеч и ми кажуваат што е проблемот, а јас им препорачав сребрена вода. Девојчето беше во тешка состојба, не можеше да го станат 2 недели, мало.. само 3 години. Јас им објаснив како се пие сребрената вода, да речеме дека беше среда, кога се слушнавме повторно беше сабота и тие ми кажуваат дека го пуштиле девојчето дома! Јас бев зачудена... како ја пуштиле дома? Што се случува? Тие ми викаат “ти како што ни објасни, и’ дававме по една чаша сребрена вода наутро и една навечер” .. Јас им кажав само едно капаче! Но вие сте направиле супер штом сте успеале да го излекувате девојчето со поголемата доза.

Кои се најавите за Органик Базар, колку време ќе трае?
Ќе трае една година и ќе биде секој четврток во просториите на City Mall пред платото на “Play”, а кога ќе дозволува времето ќе биде на отворен простор, а за тоа дополнително ќе се соопшти. Не се знае се уште кога точно ќе започне.
Каде може сега да се купи органска храна?
Сега органска храна може да се купи во нашата продавница “BeOrg” којашто се наоѓа позади Млин Балкан, но претходно мора да се нарача на нашата web-страна beorg.mk/ . Се уште не работиме секој ден, а тоа е еден принцип којшто сме го задржале бидејќи имало мала побарувачка, не зошто не сакаме туку бидејќи има моменти кога некој ќе нарача 20 kg боранија и нема да дојде да ја земе... Останува, се фрла.
Од каде ги набавувате продуктите?
Од цела Македонија. Кичево, Кочани, Кавадарци, Охрид, Штип, Берово, Демир Хисар... речиси секаде.
Колку време Анастасија конзумира органска храна?
Не конзумирам многу долг период, но можам да кажам дека откако почнав јас имам сила, енергија се да направам. Сметам дека те менува во корен. Ти дава елан.

Колку си запознаена со разликата помеѓу органска и обична козметика?
Ги знам различните методи на производство. Кај органската козметика, се што се употребува се масла, масти, билки и некогаш по некое семе. Сето ова не е машински направено туку е рачно направено, во чист простор и верувам дека тоа ќе прерасне во нешто големо бидејќи разликата е драстична. Во органската козметика нема ништо што е хемија. Сум почувствувала на себе.
Што е Анастасија по професија?
Јас по професија сум дипломиран актер и недипломиран музичар. Уметноста е таа којашто мене ми лежи, меѓутоа се зафатив со ова не бидејќи не ја сакам глумата, јас како хоби се уште ја имам тука, се зафатив со ова бидејќи моите родители сите жеби во животов ми ги исполниле, а ова беше една, единствена желба што татко ми ја побарал од мене и знам со каква жар ја правам за да успее.

А што е со актерството?
Актерството сега за сега е во пауза бидејќи тоа може да почека реално, а ова е едно ново движење коешто кај нас го нема. Актери има доволно, а органска храна и кој да ја организира и да ја донесе има многу малку.
Што им препорачуваш на сите читатели на Точка?
Без исклучок да си го следат својот сон и да конзумираат органска храна. За неа може да се каже дека е елексир на долговечноста. Спроведените истражувања покажуваат дека оние луѓе кои не внесуваат хемии во себе и ги сведуваат на минимум, конзумирајќи исклучиво органска храна живеат и се подвижни и по своите 100 години... Што за нашиве простори тоа е реткост.

Автор: Марија Главчева
Локација: Бистро бар Барбакан