Кога неважните "фаци" ќе надвладеат! Овие статисти ги засениле главните актери

Точка

30/01/2015

15:09

17.222

Големина на фонт

а а а

Правилата за статистите се прилично едноставни. Сè што е потребно е да стојат во позадина и да прават што ќе им се каже. Меѓутоа, од време на време се појавува и некој кој сака да ги засени главните актери, а овие статисти успеале да "истрајат" во своите "точки" и по монтажата.

Враќање во иднината 3


Во завршната сцена од третиот дел на филмот "Враќање во иднината", тешко дека некој можел да се фокусира на тоа што го зборува Док. Вниманието го привлекло детето кое стои крај него и мавта со раката, како да повикува некој да дојде.

Девојка од милион долари


Додека Хилари Свонк се бори во рингот, еден од статистите, кој инаку треба да биде нејзин навивач, го привлекува вниманието до тој степен што едноставно не можете да го тргнете погледот од него. Имено, тој премногу се соживеал со улогата и мавтал со рацете и скокал зад главната актерка.

Зрно утеха


Понекогаш Даниел Крег е единственото нешто што сакаме да го гледаме на екранот. Меѓутоа, статистот кој во "Зрно утеха" требало во позадина да биде "неважен чистач на улицата" во целост го привлекува вниманието на гледачите. Тоа е така, затоа што наместо да мете, тој мавта со метлата во воздухот.

Север - Северозапад


Познатиот филм на Хичкок има само една грешка, и тоа многу симпатична. Кога главните актери се расправаат во паника, а Ева Мари Сенет вади пиштол, детете во позадина, знаејќи што треба да се случи во сценариото, ги затвора ушите за да не го слушне пукањето. Веројатно сцената се повторувала долго време, додека не била снимена на вистински начин.

Војна на ѕвездите - 4. епизода


Една од сцените од "Војна на ѕвездите", која влегла во аналите, е онаа во која Стормтрупер се обидел да влезе низ врата на малку чуден начин. На тој начин "замавнал" со главата и предизвикал звук, кој подоцна бил искористен како ефект во филмот.