Поплави, суши, бури: Времето во наредните 40 години!

Точка

03/09/2014

15:34

3.720

Големина на фонт

а а а

Метеоролозите предупредуваат дека во текот на наредните четири децении жителите на Земјата ги очекуваат поплави, бури и долги суши.

Светската метеоролошка организација, со поддршка на ОН, предупредува на можноста за огромни несреќи од Аризона до Замбија.

Во рамките на новиот проект посветен на катастрофалното влијание на човекот врз климата, метеоролозите изложиле серија на "извештаи од иднината", односно предупредиле на големите природни катастрофи кои му се закануваат на светот.


Па така беше најавена катастрофалната поплава на Флорида. По што метеоролозите предвидуваат потполно потопување на Мајами Бич - но и долга суша во Аризона која ќе доведе до голем број жртви.


Во некои предели на САД, каде што температурниот рекорд од 45 степени Целзиусови беше достигнат во 1916-та година, просечната температура во 2050-та ќе биде 50 степени, сметаат експертите.

Земајќи ја во предвид и опасноста која ја носи глобалното затоплување, Светската метеоролошка организација не исклучува дека оваа прогноза може да стане реална.


Ефектот на "стаклена градина" кој го испровоцира човекот изминативе 50-тина години започнува значително да го забрзува процесот на глобалното затоплување.