Нашите клетки секојдневно трпат спонтани промени кои лесно би можеле да прераснат во рак, откриле научници од Мелбурн.
Тимот истражувачи од Универзитетот Волтер и Елајза Хол откриле дека имунолошкиот систем ги елиминира потенцијално канцерогените клетки во нивната рана фаза, пред да се развијат во лимфом (малигно заболување на лимфоцитите). Резултатите од истражувањето се објавени во магазинот Nature Magazine.
Научниците биле изненадени со сознанието дека спонтаните клетки се случуваат многу често. Тие се надеваат дека споменатото откритие ќе им помогне на лекарите рано да откријат кои пациенти се под ризик од лимфом.

„Клетките на секој од нас трпат спонтани мутации. Тоа е резултат на нивните нормални функции. Вистинско чудо е што лимфомите не погодуваат поголем број на луѓе“ – истакнал д-р Аксел Калис, кој учествувал во истражувањето.
Научниците дошле до откритието така што ги блокирале Т клетките и ја намалиле активноста на имунолошкиот систем, што довело до тоа лимфомот да се развие за неколку недели. Да работел имунолошкиот систем како што треба, за развој на туморот би биле потребни години.
„Изгледа дека нашиот имунитет подобро е опремен отколку што мислевме“ – рекол д-р Калис.