[ФОТО] Кафе едно евро, вино две: Едно од најевтините одморалишта во Европа, кое изобилува со рајски плажи

Точка

16/06/2025

20:39

1.840

Големина на фонт

а а а

Многумина од нас веќе сериозно планираат каде да одат на летен одмор.

Иако изборот на дестинации е огромен, патниците со ограничен буџет треба да обрнат посебно внимание на југот на Португалија - регионот Алгарве, поточно неговиот главен град, Фаро.

Сместен на брегот на Атлантскиот Океан, неодамна беше прогласен за едно од најевтините места за одмор во Европа. Како што објави „The Mirror“, цените во многу туристички места значително се намалија, а токму Алгарве го зазеде првото место на листата на 15 најпристапни европски дестинации. Дури ги престигна и популарните дестинации како Турција и Бугарија.


Таму ќе платите околу едно евро за шолја кафе, а чаша локално вино чини само две евра. За споредба, во популарните одморалишта во Шпанија или Италија, овие цени можат да бидат два или три пати повисоки.

Сонце преку целата година и рајски плажи

Сепак, Фаро не е привлечен само поради ниските цени. Исто така е едно од најсончевите места во Европа. Љубителите на плажа треба да ја посетат Праја да Фаро, плажата во градот долга пет километри, покриена со фин златен песок. Таму се достапни сите погодности: изнајмување лежалки, чадори и угостителски објекти. Сепак, треба да имате предвид дека може да биде преполна во текот на сезоната.


За оние кои бараат мир, Праја до Анкао е совршена, плажа без ресторани и барови, идеална за релаксација подалеку од толпите. Освен уживањето во плажата, Фаро нуди многу атракции за љубителите на историјата и природата. Риа Формоза, живописна лагуна до која се организираат патувања со брод, заслужува посебно внимание. Исто така е рај за набљудувачите на птици.


Шетајќи низ стариот дел од градот, ќе имате чувство дека се враќате во 18 век. За разлика од другите делови од градот кои беа уништени од земјотресот во 1755 година, историскиот центар го задржал својот стар шарм и во голема мера е трансформиран во пешачка зона.