Загреаната течност во пластично шише може сериозно да го загрози здравјето.
Никогаш не оставајте вода и други пијалаци во пластични шишиња во автомобил паркиран на сонце, бидејќи топлината го менува составот на пијалаците во нив.
Автомобил кој бил паркиран на сонце за време на горештините може да биде извор на неочекувана опасност.
Имено, ако температурата надвор е 30 степени, во автомобилот таа може да достигне 45 степени и тоа по само половина час.
За време на вакви екстремни температури, не е пријатно дури ни да се седи во автомобил, а камоли да пиете пијалак од пластичното шише што било во него.
Бисфенол А и антимон
Студиите покажале дека кога се загрева, пластичната амбалажа испушта штетни соединенија што се користат во производството на пластика, попознати како бисфенол А, кои го имитираат естрогенот во телото, предизвикуваат хормонален дисбаланс и се поврзува со многу други болести, како што е дијабетесот.
На високи температури, пластичната амбалажа предизвикува и ослободување на антимон, кој исто така може да биде штетен за човечкото тело.
Пластичните амбалажи секогаш чувајте ги на ладно и суво место за да спречите неочекувани непријатности и здравствени проблеми.