Терминот менопауза е често употребуван со цел да се објаснат промените низ кои поминува жената кога ќе дојде крајот на нејзиниот менструален циклус засекогаш, и со тоа завршува нејзиниот репродуктивен период.
Понекогаш доаѓа до предвремена менопауза, бидејќи некои жени се справуваат со додатни физички и емоционални грижи.
Медицински причини за менопаузата
Некои жени се соочуваат со зголемени симптоми на менопауза како резултат на медицински третмани како хемотерапија или терапија со пелвична радијација.

Симптоми на менопауза
Симптомите на менопауза вклучуваат чувство на вжештеност, болка за време на сексуален однос, зголемена нервоза и иритираност од секакви појави, и потреба од почесто уринирање.
Причината поради која започнува менопаузата, е намалувањето на нивото на естроген во организмот на жената. Со тоа завршува периодот во кој жената е способна да се размножува –веќе не лачи естроген, не произведува јајце-клетки, нема менструален циклус, и започнува да старее.

Дијагнози и тестови
Дијагностицирањето на започнувањето на менопаузата, со оглед на тоа што нивото на хормони е флуктуирачко во однос на една жена од друга, па дури и кај една индивидуална жена од еден ден во друг, не е достоен индикатор за почетокот на менопаузата. Затоа, кога почнуваат најочигледните симптоми на менопауза, се претпоставува дека овој период започнал.
Како менопаузата влијае на жените?
Периодот на транзиција помеѓу менопаузата и конечниот крај на периодот на репродуктивност на жената некои жени го доживуваат како огромна психичка и емоционална промена. Оние посреќните, пак, минуваат низ него без посебни грижи и промени. Повеќето жени, сепак се некаде на средина – имаат симптоми, но знаат да се носат со нив.

Менопаузата не е болест. Тоа е време на премин од најзначајната фаза на жената – репродуктивната, во времето кога таа почнува да се соочува со фактот дека веќе не е способна да остави потомство, почнува да старее и нејзиното тело ја губи женственоста и основната потреба од сексуални односи.
Менопаузата може да предизвика сушење и атрофирање на вагината, чести удари на вжештеност, сексуална дисфункција, болка во зглобовите, депресија, промени во расположението, промени во метаболизмот, и проблеми со спиењето.

Најчести симптоми се сушењето на вагината и промените во температурата на телото.
Вагиналната атрофија не се појавува кај секоја жена, а е нормална мукозна мутација на вагината кога губи естроген и станува понежна. Се повредува и крвари многу полесно, нема флексибилност и лубрикација, а поради тоа чувствува болка при сексуалните односи и нема голема потреба од нив.

Сушењето на вагината се чувствува уште од почетокот на менопаузата, и не е толку трагично со оглед на тоа што постојат продукти кои можат да го решат тој проблем (лубрикантите). Како што жената навлегува се’ подлабоко во периодот на менопауза, сушењето е се’ поголемо, ткивото станува покруто, има помалку еластицитет, и жената има се’ поголеми проблеми со својата самодоверба и потребата од секс. Таа може да почувствува и промени со бабулето, поради што ќе има зголемена потреба од уринирање и почести инфекции на уринарниот тракт.