10 интересни факти за Егејското море

Точка

13/08/2013

15:41

7.864

Големина на фонт

а а а

Егејското Море е дел од Средоземното Море, лоцирано помеѓу јужниот дел од Балканскиот Полуостров и Анатолскиот Полуостров, поточно помеѓу копното на Грција и Турција... Денес ви пренесуваме 10 интересни факти за ова прекрасно море.

1. На север, Егејското Море е поврзано директно со Мраморното Море преку протокот Дарданели и со Црното Море, индиректно, преку протокот Босфор. На запад, преку Коринтскиот канал, Егејското Море се поврзува со Коринтскиот Залив, кој е дел од Јонското Море. На југ, Егејското Море е поврзано со Средоземното Море, а привидната граница ја создаваат групата острови, меѓу кои најголеми се Крит и Родос.

2. Во античките времиња, Егејското Море било познато како Архипелаго (што на старогрчки значи: главно море). Но, зборот „архипелаг“ со текот на времето доби ново значење - прво означувајќи ги островите во Егејското Море, а потоа и секоја група острови.


3. Постојат повеќе теории за потеклото на името на Егејското Море. Меѓу најпознати се: името на амазонската кралица Егеја; името на Егеј, татко на Тезеј, кој се удавил во морето кога мислел дека син му е мртов; спој на два старогрчки збора aiges (бранови) и hals (море); итн. На словенските јазици, ова море е познато како Бело Море.

4. Егејското Море покрива површина од преку 214.000 квадратни километри (610 километри по географска ширина и 300 километри по географска должина).

5. Во Егејското Море се наоѓаат повеќе од 3.000 острови со најразлични големини и речиси сите ѝ припаѓаат на Грција.


6. Островите во Егејското Море може да се поделат во 7 групи: Североисточни егејски острови, Евбеја, Северни Споради, Циклади, Саронски Острови, Јужни Споради (но без Кастелоризо) и Крит.

7. Најдлабоката точка во Егејското Море е 3.543 метри и се наоѓа источно од Крит.

8. Егејското Море било исклучително важно за трговијата уште од почетокот на човечката цивилизација, бидејќи се работела за единствена точка каде што се прекинува јужномедитеранскиот планински венец. Поради тоа, во ова море се воделе повеќе војни отколку во кое било друго море.


9. До 1820 година, целиот брег на Егејското Море и сите острови ѝ припаѓале на Отоманската Империја. Оттогаш наваму, Грција полека ја презела целата контрола, поради што постои огромен спор со Турција. Турција денес поседува само два острови во ова море: Бозкада (или Тенедос) и Гочкеада (или Имброз), но Грција ги бара и тие острови, тврдејќи дека Егејското Море во целост е нивна територија. Кога на морското дно, источно од Тасос, во 1970 година беа откриени резерви на нафта, спорот помеѓу соседите дополнително се заостри.

10. Тракијското Море е дел од Егејското Море и се наоѓа во најсеверниот дел, помеѓу регионите Македонија и Тракија и северо-западниот дел од Турција. Целото море се наоѓа северно од четириесеттата паралела.


Информациите се превземени од блогот на Игуана Турс