Васил Гарванлиев ги откри сите детали за веридбата: „Во јуни својот избраник ќе го донесам во Македонија“

Изминатиот период македонските медиуми беа преплавени со веста дека Васил Гарванлиев се верил. И тоа не било каде, туку во Америка. Со неговиот избраник се препознале на прва, а неговото срце го освоил со едноставноста, но и анонимноста. Свадбата ќе биде наскоро, а во јуни ќе дојдат во Македонија, за семејството да се запознае со зетот.