Срушен светски рекорд, славниот Јапонец прескокна 291 метар

Јапонецот Рујоу Кобајаши, познат ски скокач, го собори светскиот рекорд на импровизирана скокалница во Исланд. Кобајаши прескокна дури 291 метар на специјално изградена скокалница во ски центарот „Хлидарфјал“. Јапонецот два дена се обидуваше во соработка со Ред Бул да го собори овој рекорд, но на стартот немаше успех.