Во Франција направена маска што убива вируси

Францускиот стартап направи маска за лице која убива вируси, вклучувајќи го и новиот коронавирус, против кој целиот свет се бори повеќе од една година.Маските имаат посебен вируциден слој и му овозможуваат на корисникот скоро стопроцентна заштита од зараза, пренесува ХРТ. Направени се два модела на вируцидни маски – оној со сертификат ФФП2 ќе се продава по цена од 1,49 евра, а цената на обична, хируршка маска што убива вируси ќе биде 44 центи.