Неверојатен потфат: Погледнете како Кинезите преместиле петкатна зграда стара 85 години

Со користење на подвижни машини, во Шангај е преместена петкатна зграда на основно училиште, стара 85 години. Објектот во целост бил преместен од една на друга локација. Машините биле распоредени во две групи кои наизменично ја подигнувале и спуштале зградата. Компанијата „ Shanghai Evolution Shift“ пред 2 години ја развила технологијата за оваа намена.