Видео: Има 110 години и му пркоси на коронавирусот

Позната под прекарот Лулу, енергичната старица сонува за укинување на рестрикциите под кои се наоѓаат 47 милиони жители на Шпанија, затворени во своите домови. Таа едвај го чека моментот кога ќе ги протегне нозете на сончевите улици бидејќи, како што вели, пристигнува пролетта. Ако некој знае како да се справи со пандемијата, тоа е токму Луиза. Таа го преживеала смртоносниот грип во 1918 година, иако признава дека не се сеќава добро на тој период.