Американците полудеа по новиот Mustang Mach-E

Ford соопшти дека електричниот Mustang Mach-E веќе го резервирале доволен број на купувачи, така што има работа за една година во погоните каде што ќе се произведува електричниот кросовер. Од компанијата не го открија точниот број на примени нарачки, но тврдат дека тој е веќе поголем од планираното годишно производство кое изнесува 50 илјади примероци.