Застрашувачка снимка од скијање: Дете падна во длабока дупка, неговиот татко копаше половина час...

Британските медиуми објавија видео на кое може да се види операцијата за спасување на дете кое што пропадна во дупка под снег, а таткото половина час копаше за да го спаси неговиот живот. На видеото најпрвин може да се види како детето пропаѓа, а потоа како со помош на ГПС неговиот татко ја пронаоѓа локацијата и започнува да копа во снегот. За среќа, тој го пронајде и му го спаси животот.