Фризер прави бесплатни фризури какви што имаат Трамп и Ким

Во фризерница сокриена во една мала ханојска улица популарен фризер прави бесплатни фризури на своите постојани клиенти, какви што имаат американскиот претседател, Доналд Трамп, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. Фризерот Ле Туан Дуонг одлучи на своите клинети да им понуди бесплатна фризура „а ла Трамп“ или „а ла Ким“, во пресрет на самитот на двајцата лидери, кој ќе се одржи во Ханој, Виетнам.