Во оваа држава, по модната писта "прелетуваат" - дронови!

Веќе неколку пати сме пишувале дека жените во Саудиска Арабија имаат минимални права. Тие од неодамна смеат да возат, но во другите категории и натаму се дискриминирани. Па замислете, дали можете да бидете манекенка во Саудиска Арабија. Лесен одговор, не. Токму поради тоа, креациите на дизајнерите таму ги носат - дронови.