Најстарите дрвја на планетата, постари и од пирамидите во Египет

Точка

29/06/2013

21:59

11.395

Големина на фонт

а а а

Боровите "Great Basin Bristlecone" растеле во времето кога била градена Кеопсовата пирамида во Египет, кога Сиријците со клинестото писмо пишувале на глинени плочи, кога Европјаните поседувале само камени секири... Токму затоа, овие дрвја се и најстари во светот.

На врвот на Белите планини во Националниот парк Инјо во Калифорнија растат боровите "Great Basin Bristlecone", кои важат за најстарите живи дрвја во светот. Тие се стари помеѓу илјада и пет илјади години, а своите корења тие ги пуштиле во почва која што е непријатна за сите други растенија, освен за овие борови.


Всушност, ниту овие борови не растат на ваква земја, меѓутоа со текот на милениумите тие се прилагодиле. Најстарите примероци се наоѓаат во планините во источниот дел на Калифорнија, Невада и Јута, но можат да се пронајдат и во Колорадо, Мексико и Аризона.


Дрвјата растат на висина од три километри, а нивната старост е тешко да се процени поради огромниот број на тесно збиени годови. Боровите, благодарение на сувата клима во која растат, можат да останат недопрени и илјадници години, дури и доколку се срушени на земјата.









Спонзорирани линкови

Маркетинг