По посетата на САД и на Канада, каде зборуваше за дискриминацијата против Македонците во Грција, активистката за правата на Македонците и претставник на Обединетата македонска дијаспора за Грција , Евгенија Нацилиду, се соочува со медиумски притисок и закани.
Нацилиду заедно со архимандритот Никодим Царкњас биле во посета на Северна Америка во октомври. Во Вашингтон, делегацијата се состанала со високи американски владини преставници, а во Отава со канадски пратеници. Посетата завршила со гала вечера во Торонто. Во ноември повеќе меѓународни медиуми објавија статии за посетата на делегацијата.
На 16 декември, грчкиот новинар Панајотис Савидис, кој многупати има објавувано за неонацистичката партија Златна Зора и чии антимакедонски статии се промовирани од страна на најголемиот неонацистички форум Stromfront.org, објави статија во најголемиот неделен весник, со дистрибуција на 150.000 примероци - Прото тема, со наслов: "Лекарите, земјоделците.. и Скопјаните се во рацете на СДОЕ."
На статијата беа објавени и фотографии од Нацилиду (превземени од страната на ОМД) на кои таа се наоѓа на подиумот за време на гала вечерата во Торонто. Овие фотографии според грчкиот закон се добиени и користени на нелегален начин. Текстот содржи широк спектар на лажни обвинувања и клевети против Нацилиду и против организацијата "Едукативно и културно друштво на Едеса/Воден" на кое таа припаѓа и кое го промовира македонскиот јазик, култура и народни традиции.
Некои од клеветите во статијата се: "...СДОЕ ги откри скопските агенти...", "... Запрете ги црните пари за иредентистичката пропаганда,..." и други лажни обвиненија за шпионажа, кои потенцијално можат да поттикннат насилство.
На 4 јануари Нацилиду поднела и тужба против Савидес, Прото тема, како и сите други медиуми кои ја пренесоа статијата во јавното обвинителство на Воден.
Обвиненијата се однесуваат на членовите 362 и 363 од грчкиот кривичен законик, член 2 од законот за спречување на расизам, членот 5 од грчкиот устав, како и други релевантни грчки закони.
За време на објавувањето на статијата во Прото тема, Фејсбук корисникот со име Калоупис Димитриос на ѕидот на Нацилиду, напиша "Јас ти кажувам уште еднаш ти мала Словенке... само еден куршум во твоето чело, кога ќе ти дојде време!" Нејасно е дали двата случаја се поврзани,па затоа поднесена е посебна тужба против Фејсбук корисникот до одделот за електронски злосторства на грчката полиција.
Третиот инцидент се случил на 26 ноември 2012 година, кога грчки новинар познат по јавните клевети на Македонците, влегол во салата за танцување во Воден. Нацилиду била присутна на часови по македонски ора кои биле организирани без одобрување од страна на локалните власти. Новинарот ги прекинал часовите кога без дозвола почнал агресивно да ги фотографира луѓето кои биле присутни. Еден од учениците на часовите поднел жалба против новинарот во локалната полиција.