Дали ја сакате својата работа или ја мразите, шансите се големи дека порано или подоцна сте доживеале лош ден на работа.
Како да се справите во таква ситуација? Тоа многу зависи, каква личност сте.
Дали природно влечете на позитивна страна или пак понекогаш ви одговара мрзоволие? Без оглед каква особа сте, каде работите и каква ви е атмосверата на работа, постојат начини, како полесно да го ,,пребродите” лошиот ден, дури и да го преобратите во добар.
Бидете благодарни на она што го имате
Ова е дефинитивно вистина. Причината поради која овој совет е актуелен толку долго е поради тоа што навистина функционира. Кога ќе дојдете во ситуација, во која работите не можат да бидат полоши, извадете хартија и пенкало, и најдете десет работи кои се моментално добри во вашиот живот.
Признајте ги своите грешки
Вашата загриженост е резултат на чуство дека некој ќе ве фати дека грешите, зарем не? Зошто тогаш тоа не го решите и тоа по свои услови. Смислете план како да го решите тоа што сте го згрешиле, и тогаш ќе се осеќате подобро и ќе видите колку вашата искреност ќе значи за вашиот углед и кредибилитет.
Престанете да оговарате
Ова можеби нема да ви биде лесно, но дефинитивно ќе ви се исплати. Кога оговарате со некого, автоматски му давате до знаење дека без проблем или пардон, подеднакво ќе го оговарате и него, кога ќе ви заврти грб.
Работното опкружување е само игралиште
Просторијата во која работите е само игралиште за возрасни. И тука постои ,,силеџија”, ,,тужибаба”, ,,фалбаџија”... Но уште поважно, постојат и ,,ново дете”, ,,срамежливка”, ,,дежурен кловн”. За да си го подобрите денот , свртете се кон втората група на луѓе.