Голем скандал по враќањето на Џенсен Хуанг: Забранети чипови на „Nvidia“ откриени во Кина

Точка

28/11/2026

17:05

551

Големина на фонт

а а а

Две кинески компании инсталирале чипови „Blackwell“ на „Nvidia“, за чиј извоз во Кина е потребна американска дозвола, во центар за податоци во Шангај, поврзан со Алис Хуанг, покажуваат документите до кои увид имал „Bloomberg“.

Станува збор за центарот „Yangtze River Delta Project“. Според „Bloomberg“, ова се првите докази дека чиповите „Blackwell“, најновата генерација процесори на „Nvidia“ за вештачка интелигенција, пристигнале во тој објект.

Компанијата „Shanghai Shuoyao“ го понудила серверскиот систем „GB300 NVL72“ на „Nvidia“, еден од најмоќните производи на американската компанија, како гаранција за кредит од 96 милиони јуани, односно околу 14 милиони долари, во банката „Shanghai Innovation Bank“. Серискиот број на опремата е наведен во документите доставени до кинеските регулаторни тела во ноември.


„Bloomberg“ го провери серискиот број во јавната база на податоци за гаранции и утврди дека серверскиот систем го произвела тајванската компанија „Gigabyte Technology“. Од „Gigabyte“ не сакале да откријат кому првично му ја продале опремата, наведувајќи дека работат во согласност со законите.

Сервер GB200 и 32 сервери со чипови H200

Втората компанија, „Shanghai Kezhan“, пријавила сервер „GB200“, исто така од генерацијата „Blackwell“, во истиот центар, кога кон крајот на 2025 година добила кредит од 90 милиони јуани од лизинг-компанија во сопственост на една шангајска владина агенција. Истата компанија навела и 32 сервери со чипови „H200“ на „Nvidia“.


„Shanghai Innovation Bank“ одобрила и кредит од 200 милиони јуани на компанијата „Shanghai Longjie“, која со компанијата „Shanghai Shuoyao“ ја дели истата матична компанија. Овој кредит бил обезбеден со сервери со постари чипови на „Nvidia“ од генерацијата „Hopper“.

Не е познато како опремата пристигнала во Кина и до центарот во Шангај. „Bloomberg“ потсетува дека Џенсен Хуанг претходно тврдел оти серверските системи „GB300“ се преголеми за да можат да бидат прошверцувани.

Врски со „Megaspeed“

„Shanghai Shuoyao“ има деловни врски со „Megaspeed“, сингапурска компанија што Алис Хуанг ја основала во 2023 година и која стана најголемиот купувач на „Nvidia“ во Југоисточна Азија. „Shuoyao“ овој месец потврди дека е еден од давателите на услуги на „Megaspeed“, но тврди дека станува збор само за „вообичаена комерцијална соработка“.


„Megaspeed“ е под истрага во САД поради сомневања дека ги пренасочувала чиповите на „Nvidia“ кон Кина, а американската администрација овој месец ја стави на црната листа. Компанијата ги отфрла обвинувањата, а „Bloomberg“ наведува дека нема докази оти „Megaspeed“ испорачала опрема во центарот во Шангај. Сепак, „Megaspeed“ во 2024 година им го претставила овој проект на инвеститорите како свој најголем центар за податоци.

Од „Nvidia“ не одговориле на прашањата на „Bloomberg“. Локалните медиуми пишувале дека центарот може да прими до 800.000 сервери, но неговиот моментален капацитет не е познат.

Веста доаѓа само неколку дена откако Џенсен Хуанг повторно беше поставен на чело на „Nvidia“. Тој во ноември поднесе оставка по аферата со Алис Хуанг, за која постојат сомневања дека работела за кинеските разузнавачки служби, а 11 дена подоцна беше вратен на функцијата.