Актерката Мани Л. Перез, која во видеоиграта „Grand Theft Auto 6“ (GTA 6) ја толкува едната од главните хероини, Лусија Каминос, првпат јавно проговори за својата улога.
Во објава на Инстаграм им се заблагодари на обожавателите за поддршката, откако минатата недела официјално беше потврдено дека токму таа ќе го толкува овој лик.

„Речиси десет години ѝ посветив на неа“
„Животот целосно ми се промени во последните неколку дена и само сакам да ви се заблагодарам“, напиша Перез во четвртокот.
„Им благодарам на сите нови следбеници, ви благодарам за прекрасните пораки и за тоа што толку убаво ги прифативте играта и мојот лик. Речиси десет години посветив на тоа да ја оживеам Лусија. Таа беше исклучително важен дел од мојот живот и неизмерно сум благодарна што сега станува и мал дел од вашиот“, напиша Мани Перез.
Идентитетот на актерката која ја толкува Каминос официјално беше откриен дури минатата недела, кога беше објавено дека Перез е номинирана за најдобра актерска изведба на доделувањето на наградите „The Game Awards 2026“, кое ќе се одржи следниот месец.
Дотогаш ниту компанијата „Rockstar Games“ ниту самата актерка не потврдиле дека ја добила оваа улога.
Покрај глумата, Перез се занимава и со кревање тегови, а има искуство и во мешани боречки вештини (ММА).










