Во Скопје се отвора нова дестинација за креативност, учење преку игра и незаборавни доживувања со LEGO

Точка

20/11/2026

13:43

453

Големина на фонт

а а а

Скопје, Северна Македонија, 20 ноември 2026 година – Групацијата „ЛЕГО“ (LEGO®) го одбележува своето прво директно присуство на малопродажниот пазар во Северна Македонија со отворањето нова продавница LEGO® Store, со површина од 180 квадратни метри во „Ист Гејт Мол“ во Скопје.

Продавницата е наменска дестинација каде што децата, семејствата и обожавателите може да откријат широк избор на сетови LEGO® и да ја доживеат радоста на градењето во инспиративна и игрива средина.


Новата продавница е првата продавница LEGO® во регионот што има два влеза, создавајќи отворена и пријатна средина за посетителите што доаѓаат од различни насоки во „Ист Гејт Мол“. Со отворањето на продавницата, брендот LEGO® станува подостапен за потрошувачите во Северна Македонија преку неговото физичко искуство, осмислено околу имагинацијата, креативноста, забавата, учењето, грижата и квалитетот.


Физичките и дигиталните шопинг-доживувања имаат комплементарни улоги. Купувањето онлајн нуди удобност и лесна достапност, додека, пак, продавницата LEGO® им овозможува на посетителите да се поврзат со брендот LEGO® на непосреден начин, да откриваат производи и да ја доживеат радоста на заедничкото градење фигури.



„Воодушевени сме што ја отвораме првата продавница LEGO® во Северна Македонија и што им посакуваме добредојде на децата, на семејствата и на обожавателите во простор создаден да ги поттикне имагинацијата и креативноста“, изјави генералната директорка Жужана Четењи.


„Ова отворање е возбудливо постигнување за нас. На многу луѓе им дава можност лично да го откријат играњето со LEGO®, да истражуваат нови можности и да уживаат во гордоста што доаѓа од создавањето нешто свое. Со нетрпение очекуваме да станеме дел од локалната заедница и да ги инспирираме градителите на утрешнината.“


Новата продавница, со површина од 180 квадратни метри, на потрошувачите им нуди пријатна атмосфера во која може да истражат широк избор на сетови LEGO® што се наменети за различни интереси и возрасни групи. Исто така, ќе има и „ѕид од тули“ (Pick a Brick Wall), каде што посетителите ќе може да избираат и да купуваат поединечни коцки LEGO® за да создаваат и да градат на свој начин.



Целта на отворањето на продавницата е да го збогати играчкото доживување со LEGO® во Северна Македонија, овозможувајќи им на потрошувачите дополнителен начин да се поврзат со брендот. Фокусот на Групацијата „ЛЕГО“ (LEGO®) е учењето преку игра да го донесе до повеќе деца и семејства, истовремено нудејќи висококвалитетно доживување што ги одразува вредностите на брендот LEGO®.