Се враќа легендарното Yugo, и тоа во електрична верзија

Koli.com.mk

04/01/2012

16:24

19.814

Големина на фонт

а а а

Младиот дизајнер Милош Париповиќ го претстави новото Yugo за модерната ера наречено ZUGO...

Zastava Yugo 45 беше замислена како сериозен производ, мал градски автомобил достапен за сите. Но, како минеше времето Yugo остана само предмет на вицеви. Затоа Милош реши да ги земе работите во свои раце и го осмисли концептот Zugo, односно електрична реинкарнација на легендарното Yugo кое сè уште може да се види по нашите улици.



Zugo ќе биде нискобуџетен целосно електричен мал градски hatchback. Дизајнерот го задржал надворешниот дизајн со извесени видливи и практични промени. На пример, тој додал грејни подлоги на вратите и багажникот, така што луѓето кои однадвор би го буткале автомобилот во зима да не им биде ладно на рацете и многу други разни додатоци и сензори со кои значително ќе се олесни работата на возачите.

Димензиите на автомобилот, особено острите рабови на каросеријата и светлата потсетуваат на легендарното „југо“ во име на стариот познат автомобил, но и дизајнерот се потрудил постепено да ги ублажи тие рабови за да постигне своевремен ретро/модерен изглед.



Целната група на овој концепт се лојалните сопственици на старите модели на Zastava и други практични луѓе. Поради едноставноста на електричните автомобили, Zugo би бил едноставен и ефтин за одржување и секој би можел да го одржава во својата гаража по популарниот американски DIY принцип (Do It Yourself – направи сам).