Германскиот тим вечерва од 19:00 часот во Ротердам го брани триумфот од 7:0 и може да обезбеди четвртфинале во Европскиот куп за жени.
Волфсбург вечерва од 19:00 часот по скопско време му гостува на Феенорд во Ротердам, во реваншот од осминафиналето на Европскиот куп за жени. Германскиот тим го доби првиот натпревар со 7:0, со хет-трик на Кора Цикаи и два гола на Лара Прашникар.

Лара Прашникар ја притиска голманката на Феенорд во првиот натпревар. Фото: Волфсбург
Победникот оди на Брондби или Розенборг
Феенорд во меѓувреме го совлада АДО Ден Хаг со 1:0 во холандското првенство, а Волфсбург победи со 3:1 на гости кај Ајнтрахт Франкфурт. За германскиот тим, гостувањето во Ротердам е последен натпревар пред првенствениот дуел со Баерн во сабота.
Победникот од двомечот ќе игра со подобриот од Брондби и Розенборг, кои одиграа 1:1 во првиот натпревар. Волфсбург најави бесплатен пренос на својата платформа Wölfe TV.








