[ВИДЕО] Гори интернетот: Деле Али го запали дресот на Арсенал!

Точка

09/11/2026

18:01

737

Големина на фонт

а а а

Поранешниот фудбалер на Тотенхем, Деле Али, се најде во центарот на вниманието на социјалните мрежи откако објави снимка на која го пали дресот на Арсенал, лутиот ривал на неговиот поранешен клуб.

Сè започнало за време на пренос во живо со популарниот стример "iShowSpeed", кога двајцата одиграле два натпревари во видеоиграта „EA Sports FC 27“. Поразениот морал да го облече дресот на Арсенал, а Али ги загубил двата дуела – прво со Пари Сен Жермен против Баерн (7:2), а потоа со Ал Кадисија против Ал Наср (4:2).

Англичанецот тешко ги поднел поразите, неколкупати го фрлил контролерот на подот и на крајот го скршил. Сепак, морал да го исполни облогот и да го облече дресот на „топчиите“, што го покажал и на „Instagram“ со пораката:

„Извинете, навивачи на Спарс, но облог си е облог. Честитки, "iShowSpeed".

Меѓутоа, Али не издржал долго во опремата на најголемиот ривал. За време на преносот на платформата „Twitch“ објавил снимка од палењето на дресот на Арсенал, а потоа и фотографија од уништениот дрес.

„Спид, облог си е облог! Но ова се вика последица“, напишал поранешниот фудбалер на Тотенхем.

Неговата постапка е особено интересна ако се знае дека уште во 2016 година изјавил дека попрво би ја завршил кариерата отколку да заигра за Арсенал.

Додека се забавува со "iShowSpeed", Али и натаму се обидува да се врати во професионалниот фудбал. Без клуб е од септември 2025 година, кога го напушти Комо, а последниот официјален настап го имаше во март истата година. Тогаш дебитираше за италијанскиот тим, но беше исклучен само девет минути откако влезе во игра.

На врвот на кариерата важеше за еден од најталентираните англиски фудбалери. За Тотенхем одигра 269 натпревари и постигна 67 гола, а со клубот стигна до финалето на Лигата на шампионите во 2019 година. Дресот на репрезентацијата на Англија го носеше 37 пати.