[ВИДЕО] Меланија Трамп исмеана на социјалните мрежи поради изговорот на англиски: „Зеленски за 4 години го усоврши повеќе отколку таа за 30 години“

Точка

06/11/2026

20:50

559

Големина на фонт

а а а

Првата дама на САД, Меланија Трамп (56), се најде на мета на потсмев на социјалните мрежи поради начинот на кој го читаше подготвениот говор по состанокот со руските и украинските делегации во Белата куќа.

Меланија Трамп во четвртокот во Белата куќа ги пречека руските и украинските претставници и повика на потрајно примирје, по шестдневното локално примирје во Олешки и околината на Херсон.

Според соопштението на Белата куќа, од Олешки за време на примирјето биле евакуирани околу 800 луѓе, а украинската делегација ѝ го врачила Орденот на кнегињата Олга од прв степен, што ѝ го доделил претседателот Володимир Зеленски.

Сепак, на социјалните мрежи повеќе се коментираше нејзиниот настап отколку самиот состанок. Американскиот новинар Арон Рупар на мрежата X објави дел од говорот со коментар дека Меланија „со мака ја чита подготвената изјава“. До петокот објавата имаше повеќе од 3,2 милиони прегледи, а снимката потоа ја споделија и бројни корисници.

Повеќето коментари се однесуваат на фактот дека првата дама, која дошла во САД во 1996 година, и по три децении зборува со изразен словенечки акцент.

Еден корисник напишал дека не разбира ниту еден збор од она што го зборува и дека имала 30 години да научи англиски, а неговата објава има повеќе од два милиони прегледи. Други ја споредувале со украинскиот претседател, тврдејќи дека Зеленски за четири години го совладал англискиот јазик подобро отколку таа за 30 години.

Имаше и такви кои ја потсетија дека англискиот е службен јазик на САД, алудирајќи на политиката на администрацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп кон имигрантите.

Меланија е предмет на потсмев поради својот акцент уште од првиот мандат на нејзиниот сопруг. Американската актерка Бет Мидлер во 2020 година напиша дека првата дама „сè уште не знае англиски“, но по критиките дека станува збор за ксенофобија, признала дека погрешила затоа што се потсмевала на нечиј акцент.