Ѓорѓиевски: Снегот нема да нѐ изненади, механизацијата е на терен и имаме резерви на сол

Макфакс

26/11/2026

22:25

162

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информира дека снежните услови нема да ги изненадат службите во Скопје, бидејќи механизацијата е подготвена и има доволно резерви на сол за одржување на сообраќајниците.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вели дека оваа година снегот нема да ги изненади градските служби и дека  механизацијата е на терен.

„Некогаш во минатото, првиот снег беше „изненадување“. Нашите екипи се веќе подготвени! Вечерва ја посетив службата за зимско одржување на скопските сообраќајници. Механизацијата е подготвена, а обезбедивме и големи резерви на сол“, објави градоначалникот.

Тој додава дека се во постојан контакт со УХМР и дека службите се подготвени да дејствуваат уште пред да падне првиот снег.