Ставот за уставните измени останува неп променет, Мицкоски очекува следната година уште посилен извештај од ЕК

Макфакс

06/11/2026

14:50

229

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди неп променетата позиција на Владата за уставните измени и очекува следната година уште појак извештај од Европската комисија за напредокот на државата, нагласувајќи важноста од спроведување на реформите и борбата против корупцијата.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на напредокот на државата што Брисел го нотираше во нивниот извештај и потврдата од страна на амбасадорот Рокас, како и за уставните измени, изјави:

„Па да самиот амбасадор вчера на прес-конференцијата кажа дека во суштина споредено со минатогодишниот извештај имаме значителен напредок оваа година. Но, исто е поважно да се каже дека извештајниот период не ги опфаќа оние реформи коишто веќе се направени во меѓувреме и ќе се направат до крајот на годината, посебно кога станува збор за борбата со корупција и владеењето на правото. Бидејќи извештајниот период завршува до 31 август, а во процесот на реформската агенда ние направивме многу реформи коишто се исто така дел од она коешто е важно и коешто претставува дел од овие извештаи на самата Европска Унија. Така што очекувам следната година да имаме уште посилен извештај со што ќе се потврдат напорите на оваа Влада и амбицијата да биде во суштина реформска Влада.

Мицкоски подвлече дека ставот на Владата за уставните измени останува непроменет.

„Што се однесува до уставните измени, нашиот став како Влада е јасен и тој е непроменет. За жал поради егзибициите и антидржавната политика на претходната Влада на СДСМ и Демократската унија за интеграции, ние сега имаме политички услов, а тоа се уставните измени. Иако многу пати во тоа време предупредуваме, бевме опозиција, предупредувавме да не влегуваат во такви авантури, за жал тоа не го послушаа. И сега ние можеби, сме единствениот пример којшто покрај оние суштински реформи коишто треба да ги спроведе, имаме и политички услови. Но тоа е што е, ние го водиме дијалогот со нашиот источен сосед. Се надевам дека тој дијалог на крај ќе вроди со плод и ќе можеме да зборуваме за процес којшто конечно после еве, 21 година откако се стекнавме со кандидатски статус и 26 години откако го потпишавме договорот за стабилизација и асоцијација ќе можеме да отпочнеме со процесот на преговори.“