Новата линија Eucerin Hyaluron-Filler + Longevity Epigenetic – напредна нега за жената што секоја возраст ја носи со сјај

Точка

06/11/2026

13:19

316

Големина на фонт

а а а

Постои еден момент, некаде по дваесет и петтата, кога пред огледалото застануваш малку подолго од вообичаено. Не затоа што нешто не е во ред, туку затоа што почнуваш својата кожа да ја гледаш поинаку – како тивок сведок на сите непроспиени ноќи, на смеењето до солзи, на летата под сонце и на утрата кога немаше време ни за кафе.

Тоа е период кога веќе не сакаме да правиме компромиси со негата на кожата, кога обрнуваме внимание и на сите надворешни фактори кои влијаат на неа.

А токму врз основа на Епигенетската наука (за влијанието на начинот на живот и околината врз нашите гени и стареењето на кожата) е создадена и новата линија Hyaluron-Filler + Longevity Epigenetic – ритуал кој не се бори против времето, туку ѝ помага на кожата да остане негувана, свежа и своја уште многу години.


Наука што ја слуша твојата кожа

Во срцето на линијата се наоѓаат патентираната Age Clock технологија и активната состојка Epicelline®, која ги активира гените на долговечноста на кожата. Наместо само да ги прикрие трагите на времето, формулата ѝ помага на кожата да се обновува од длабочина, природно и без напор.

Три чекори кон кожа што изгледа убаво

Epigenetic серумот е мигот само за тебе. Клинички тестиран и со висока концентрација на Epicelline®, тој видливо ублажува 10 знаци на стареење*, ја обновува кожата од длабочина и ги намалува брчките. Првите видливи резултати доаѓаат веќе по 4 недели** – доволно брзо за да ја забележиш разликата, доволно нежно за да се чувствува како твојата кожа, само поодморена.


Дневната нега со SPF 30 е твојот штит за секој нов ден. Збогатена со Epicelline® и Age Clock технологијата, таа ублажува 10 знаци на стареење*, ѝ дава на кожата длабинска хидратација и ја штити од напреднатите знаци на стареење – за да излезеш од дома подготвена за сè што ќе ти донесе денот.

Ноќната нега работи кога ти конечно ќе запреш. Додека спиеш, клинички испитаната формула ја поттикнува регенерацијата на кожата и видливо ги ублажува знаците на стареење, за наутро да те пречека поцврста и младолика кожа – како да ти вратила дел од сонот што ѝ го должеше.

„Не станува збор за тоа да изгледаш помлада. Станува збор за тоа да се чувствуваш своја – денес, утре и за десет години.“

Убавината по 25-тата не значи да го запреш времето. Значи да научиш да го живееш – со повеќе нежност кон себе, со неколку минути тишина наутро и навечер и со кожа што е подготвена за секое ново поглавје. Затоа што секоја година носи нова приказна, а твојата кожа заслужува да ја раскаже со сјај.