Златан Ибрахимовиќ наводно влегува во актерски води: Британските медуми тврдат дека ќе глуми покрај Том Харди во хит-серијата

Точка

24/11/2026

16:50

228

Големина на фонт

а а а

Поранешниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ ќе ѝ се придружи на актерската екипа на серијата „MobLand“ (Мафијашка земја), која се прикажува на платформата „Paramount+“ и ќе игра негативец, пишува британски „Сан“.

Според пишувањето на тој весник, Ибрахимовиќ во серијата ќе се најде покрај Том Харди, кој го толкува главниот лик Хари Да Соуза. Втората сезона на серијата неодамна заврши.


„Доаѓањето на Златан во екипата предизвика големо воодушевување. Серијата веќе има многу ѕвезди, но ова изненадувачко засилување сигурно ќе придонесе за нејзината популарност и за тоа да се зборува за неа. Златан има идеална физичка појава за негативец, а со своите 196 сантиметри сигурно изгледа импресивно“, изјавил за „Сан“ извор близок до снимањето.

Според истиот извор, третата сезона би требало да биде емитувана кон крајот на 2027 година.

Богата кариера по фудбалот

Ибрахимовиќ ја заврши кариерата во јуни 2023 година, а од крајот на таа година е стратешки советник на фудбалскиот клуб Милан. За време на Светското првенство 2026 година беше стручен коментатор на американската телевизија „Fox Sports“, заедно со Тјери Анри.

Веќе има искуство пред камерите. Се појави во неколку документарни филмови за својот живот, меѓу кои се „Becoming Zlatan“ и „I Am Zlatan“ како и во спортски документарни серијали. Во филмот „Астерикс и Обеликс: Средното Кралство“ од 2023 година го глумел римскиот воин Антивирус, што му беше прва улога во игран филм.