Облачно и дождливо време, попладне и во текот на ноќта се очекуваат пообилни врнежи

Макфакс

31/10/2026

08:50

112

Големина на фонт

а а а

Денеска низ Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални дождови, особено во попладневните и ноќните часови кога се очекуваат пообилни врнежи. Температурите ќе бидат умерени, со слаб северен ветер.

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет нè очекува денеска низ земјава. Повеќе врнежи се очекуваат во попладневните часови и во текот на ноќта.

Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи од 7 до 12 степени, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со повремен дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Ќе дува слаб северен ветар, а температурата ќе се движи од 9 до 14 степени.