СВР Штип поднесе кривична пријава против лице од Злетово поради измама од 860.000 денари, при што измамениот бил наведуван да испрати пари во четири држави преку услуги за брз трансфер.
СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Д. од селото Злетово, пробиштипско, поради сомнение дека измамил лице за 860.000 денари, наведувајќи го да изврши повеќе парични трансфери кон странство.
Според информациите од МВР, во периодот од 20 август 2024 до 15 јануари 2026 година, пријавениот со лажно прикажување факти го довел оштетениот во заблуда, по што тој преку услуги за брз трансфер на пари извршил вкупно 18 уплати кон лица во Индонезија, Турција, САД и Индија.
На овој начин оштетениот претрпел штета од 860.000 денари, односно околу 14.000 евра.
Против М.Д. е поднесена кривична пријава за „измама“.








