Татко пријавил дека ученик ја допирал неговата малолетна ќерка за време на голем одмор во училиште во Скопје

Макфакс

29/10/2026

13:50

106

Големина на фонт

а а а

Триесет и шестгодишен скопјанец пријавил дека неговата малолетна ќерка била недолично допирана од ученик во основното училиште во Центар Скопје за време на големиот одмор. Полицијата презема мерки за целосно документирање на случајот.

Триесет и шестгодишен скопјанец пријавил во полиција дека неговата малолетна ќерка била недолично допирана од друг ученик за време на големиот одмор во основно училиште на подрачјето на Центар во Скопје.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен вчера во 14:30 часот во СВР Скопје од страна на Т.Ј. (36).

Тој пријавил дека околу 09:30 часот, додека неговата ќерка била на голем одмор, малолетник од истото училиште ја допирал по телото.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.