Португалците поделени поради благата казна за Роналдо: „Сум видел поголеми казни за паркирање“

Точка

21/10/2026

15:19

438

Големина на фонт

а а а

По изречената казна за Кристијано Роналдо поради недисциплина за време на репрезентативните обврски, јавноста е поделена околу строгоста на санкцијата.

Голем дел од навивачите во Португалија сметаат дека казната е преблага.

Да потсетиме, Фудбалската федерација на Португалија ја казни првата ѕвезда на тимот со 30 дена суспензија и 255 евра, бидејќи по несогласувањата со селекторот Жорже Жесус го напуштил кампот на националниот тим меѓу два натпревара од Лигата на нации.

Роналдо веќе одработил 19 дена од суспензијата.

На денот кога Федерацијата ја објави казната, во коментарите на социјалните мрежи и во португалските медиуми имаше голем број непријатно изненадени од ваквата „казна“ за капитенот на репрезентацијата. Одредени корисници се шегуваат дека Роналдо нема ни да го почувствува финансискиот удар, а некои иронично предлагаат да се организира собирање пари за него.


Другиот аспект на расправата е дисциплината. Роналдо е капитен и еден од симболите на португалскиот фудбал, па се поставува прашањето дали некој друг репрезентативец би поминал со исто толку блага казна доколку самоволно ги напуштел подготовките.

Португалскиот медиум „A Bola“ го критикуваше начинот на кој Федерацијата и нејзиниот претседател Педро Проенса се справувале со целата ситуација. Истовремено, претседателот на Федерацијата јавно порача дека постои голема желба Роналдо да се врати во репрезентацијата.

Роналдо ја доби минималната казна предвидена со правилата за овој прекршок.


Во коментарите се поставува и прашањето дали Федерацијата успеала да ја зачува дисциплината во репрезентацијата, а притоа да не го наруши односот со својот најпознат играч.

Во продолжение се само дел од коментарите на социјалните мрежи за казната на Роналдо.

„Се надевам дека ќе успее финансиски да ја преброди оваа криза“, „Сум видел поголеми казни за паркирање во Лисабон“, „Како сега ќе ја плати киријата по тие 255 евра?“, „Треба сите да се здружиме и да му испратиме по едно евро за да му помогнеме во овој тежок момент“, „Значи, суспендиран е само за натпреварите на кои и онака не играше?“