Инсајдери за „Дејли мејл“: Сити ќе заработи драконска казна, но нема да ги загуби титулите

Дерби

20/10/2026

08:03

427

Големина на фонт

а а а

Англиските медиуми доста внимателно го следат случајот „Манчестер Сити“ и обично објавуваат нови вести кога добиваат точни информации од инсајдери, а токму така се дозна за пресудата која ја донесе независниот панел уште пред да го слушнеме соопштението од Премиер лигата.

Угледните англиски извори и открија на јавноста дека Манчестер Сити е прогласен за виновен во 114 од вкупно 115 точки, па иако голем број звучни имиња, легенди и поранешни фудбалери дадоа свои мислења за тоа која казна би била најправедна, угледниот „Дејли мејл“ сега отиде чекор понапред.

Реномираниот весник се повика на инсајдери кои се дел од случајот на повеќекратниот англиски шампион, а според поселдните пишувања, Манчестер Сити нема да ги загуби освоените титули, иако ќе биде употребена драконска казна.

„Дејли мејл“ се повикува на извори блиски до постапката поврзана со обвиненијата за финансиски прекршоци на клубот, а како најверојатна казна се посочува префрлање во Втора лига со огромен број загубени поени, но и висока парична казна.

За да нема шанса за експресно враќање во Премиер лигата, „Дејли мејл“ тврди дека на Сити ќе му бидат одземени бодови и за сезоната која би ја играл во Чемпионшип, а со тоа казната ќе добие посебно на тежина, бидејќи тимот би останал најмалку две години во Втора лига.

Ваквиот пристап го сметаат за доста строга санкција повеќе експерти кои се дел од случајот, но истиот се смета и за праведен бидејќи Сити не би можел да задржи голем дел од своите ѕвезди и ќе мора да пристапи кон нова изградба на тим со доста поскромни плати.

Веднаш по пресудата на независниот панел за прекршоците на Сити, клубот достави жалба и најави дека ќе се бори за правда на повисоки инстанци, но убедувањата во Англија водат кон тоа дека „граѓаните“ сигурно ќе заработат остра казна и дека ќе мора да се помират со преселба во понизок ранг.