[ФОТО] Џастин Тимберлејк и Џесика Бил во ретко заедничко појавување: На гала-вечерта во Лос Анџелес пристигнаа усогласени во црно

Точка

19/10/2026

07:48

680

Големина на фонт

а а а

Холивудската двојка Џесика Бил (44) и Џастин Тимберлејк (45), кои ги сведуваат своите заеднички јавни појавувања на минимум, позираа пред фотографите на шестата годишна гала-вечер на Музејот на Академијата во Лос Анџелес.

Тоа беше едно од ретките заеднички појавувања на парот на голем холивудски настан во последно време.

Овогодишната гала-вечер во Музејот на филмската уметност на Академијата им беше посветена на Шарлиз Терон, Колман Доминго и Џон Карпентер, добитници на наградите „Icon“, „Vantage“ и „Luminary“.


Вечерта заврши со музички настап на Тејлор Свифт, а меѓу гостите беа и Ким Кардашијан, Џејкоб Елорди, Салма Хајек и Сабрина Карпентер.

Бил носеше црн фустан од дизајнерката Тамара Ралф, со халтер изрез, пердуви околу вратот и рацете, шлиц до бутовите и долг кадифен шлеп. Фустанот го надополнила со чевли на високи потпетици со црвен ѓон и коса собрана наназад.

Тимберлејк, покрај црниот костум и вратоврската, носел очила за сонце со портокалови стакла.


Ова појавување доаѓа по период во кој нивниот брак често беше тема во медиумите. Тимберлејк беше уапсен во јуни 2024 година во Саг Харбор, во сојузната држава Њујорк, поради возење под дејство на алкохол. Во септември истата година постигна спогодба со обвинителството и ја призна вината за поблаг прекршок.

Во март оваа година, полицијата на округот Сафолк објави снимка од апсењето, иако пејачот се обиде судски да го спречи нејзиното објавување. Тогаш извор близок до актерката за магазинот „People“ изјави дека Бил не е задоволна од повторното медиумско внимание, но дека и понатаму го поддржува сопругот.

Еден месец подоцна, „Daily Mail“, повикувајќи се на неименуван извор, објави дека таа наводно му поставила ултиматум. Причината биле тврдењата на очевидци дека на голф-турнир во Лас Вегас изгледал како да е под дејство на алкохол.


Друг извор тогаш изјави дека бракот не е совршен, но дека парот работи на него. Гласини за развод кружеа и минатото лето, но тие никогаш не ги потврдија.

Исто така, Тимберлејк во јули 2025 година ја заврши светската турнеја „Forget Tomorrow“. По тоа, откри дека боледува од Лајмска болест.

Инаку, Џастин и Џесика се во брак 14 години. Се венчаа во октомври 2012 година во Италија и имаат два сина, Силас, роден во 2015 година, и Финеас, роден во 2020 година.

Овој месец, Тимберлејк ѝ ја честиташе годишнината од бракот на сопругата на Инстаграм. Ја нарече својата омилена личност во секој живот и порача: „14 години зад нас, засекогаш пред нас“, а Бил му одговори дека е најдобриот татко.