[ФОТО] Најубавата жена на светот има ново момче: Среќни и заљубени се појавија во јавноста

Точка

11/11/2026

14:47

942

Големина на фонт

а а а

Бела Хадид повеќе не ја крие својата нова љубов. Познатата манекенка ги објави првите заеднички фотографии со своето ново момче, а привлече внимание и со сосема неочекувана промена на имиџот.

Моделката и најубавата жена на светот, според теоријата за златниот пресек, Бела Хадид, официјално го претстави своето ново момче на Инстаграм, објавувајќи серија заеднички фотографии направени за време на натпреварот на хокеарскиот тим Колорадо Аваланш, на кој присуствуваа како пар.

На фотографиите, Бела позира насмеана покрај својот нов избраник, на една од снимките тој разиграно ја грицка по образот, додека таа испраќа бакнеж. На втората фотографија, парот е насмеан.


Сепак, новото момче не е единственото нешто што моделот на брендот „Шанел“ им го претстави на своите следбеници на Инстаграм. На фотографиите, таа покажа и сосема нова боја на коса - платинесто руса. Засега не е познато дали навистина се обоила или носела перика за оваа пригода.

Бела објави и неколку фотографии на кои јаде хот-дог додека го бодри хокеарскиот тим од Колорадо со своите пријатели.


Во описот на објавата, таа откри колку многу ѝ значеше тоа што присуствуваше на натпреварот, кој беше организиран во соработка со иницијативата „Hockey Fights Cancer“.

Кое е новото момче на Бела Хадид?

Бела и Нејтан Лејси се во врска од почетокот на оваа година, кога за првпат беа видени заедно за време на Неделата на модата во Милано во февруари, пишува „Page Six“.


Нејтан е од Колорадо, а неговото семејство поседува градежна компанија во Крестед Бјут. Тој е брат на Рејчел Лејси, блиска пријателка на познатата манекенка. Според информациите од веб-страницата на семејната компанија, Нејтан почнал да работи во семејниот бизнис уште од рана возраст. Нивното заедничко појавување на Инстаграм следеше неколку месеци откако „Page Six“ ексклузивно објави дека манекенката на Викторија Сикрет ја завршила долгогодишната врска со професионалниот каубој Адан Бануелос.


Бела и Адан беа заедно две години. Се запознаа во 2023 година на натпревар во коњички спорт во Форт Ворт, Тексас.