Игор Џамбазов не ја крие фасцинацијата од италијанската актерка Моника Белучи, а неговата воодушевеност од неа редовно ја покажува и на социјалните мрежи. Македонскиот актер и шоумен често споделува фотографии од славната актерка на својот Инстаграм профил, со што јасно става до знаење дека таа е една од жените што особено го привлекуваат неговото внимание.
Но, за Џамбазов, Моника Белучи очигледно не е само синоним за физичка убавина. Во гостувањето во емисијата „Без рачна“, тој зборуваше за женската убавина, шармот и она што една жена ја прави посебна, а притоа откри и зошто италијанската актерка има толку посебно место во неговите очи.
Во разговорот, Игор посочи и неколку македонски дами кои според него поседуваат посебна убавина и харизма. Запрашан која македонска јавна личност би можела да биде нашата верзија на Моника Белучи, Џамбазов одговори, отворајќи интересна тема за женската убавина и привлечност.

„Има повеќе... Имаме многу интересни жени. Еве баш ова што го направив со Ивана Кнез, посебна жена. Наталија Терзија модната креаторка, посебна жена. Дани Димитровска пејачката, посебна жена. Калиопи, посебна жена. Тамара, посебна, единствена... специјална, дива Моника Белучи.
А, што се однесува до убавината, има кај нас многу поубави жени од Моника Белучи, но Моника го има она што ни една македонска жена никогаш нема да го има, го има тој префинет професионален став. Таа е глумица. Таа знае да изгледа добро и кога не ѝ е добро. Нашите жени кога не им е добро, веднаш се препознава дека не им е добро. А, баш сега, бидејќи сум навлезен и во биографијата нејзина и ја обожавам, сакам да прочитам сè за неа, кажува дека кога е сниман филмот ‘Малена’, таа ги има најголемите проблеми во животот. А, изгледа неверојатно.
Најсмешно е кога нема да објавам 3-4 дена ништо за Моника Белучи и Тијана ќе ми пише од Белград: ‘Зошто немаш објавено ништо за Моника Белучи?’... Моника Белучи нема појма дека сум жив, но јас сум жив кога зборувам за неа“, рече Игор.
Целата емисија погледнете ја во продолжение:










