Арсенал им се враќа на обврските во Лигата на шампионите, а ривал во второто коло им е француски Лил.
Тоа е соочување во кое премиерлигашот ќе има задача да ја оправда фаворитиската улога, но и ќе мора да биде внимателен затоа што Лил има свои квалитети. Давиде Анчелоти е предводник а клубот од Лига 1 и тој јасно порача дека ќе дадат се од себе за да направат изненадување во Лондон.
-Секој играше различно против Арсенал, секој обидувајќи се да остане верен на својот идентитет. И ние го имаме својот и ќе дадеме се од себе, знаејќи дека се соочуваме со многу тежок тим во предизвикувачка средина, -вели Давиде кој беше дел од стручниот штаб на неговиот татко Карло во сезоната 2024/2025 кога „топчиите“ го добија Реал Мадрид во нокаут фазата.
-Арсенал веќе значително се подобруваше. Одличниот натпревар против Реал Мадрид им даде многу самодоверба и им помогна да ги постават темелите за она што го постигнаа минатата сезона со пласманот во финалето. Оваа година, нивната цел сигурно ќе биде да одат уште подалеку. Тоа е проект што треба да биде пример за стабилност и конзистентност. Честитки за нив, но денес сме тука како противници и ќе дадеме се од себе, -рече Италијанецот.








