[ФОТО/ВИДЕО] Хетафе договори легенда на Реал како ново засилување

Дерби

13/10/2026

13:52

253

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот прволигаш Хетафе конечно се пофали со засилувањето кое подолго време беше најавувано и за кое Ла Лига правеше проблем да се официјализира и комплетира.

Сега конечно сите препреки се надминати и нов член на клубот од Мадрид е легендата на Реал Мадрид, Дани Карвахал. Десниот бек остана без клуб откако му заврши договорот со „кралевите“ и помина доста време пред да го реши најважното прашање во оваа сезона.


На крајот прифати да остане дома и биде дел од Хетафе кој има навистина една искусна екипа со имиња кои се добро познати како Гудељ, Унал, Џене, Мохика, Мајорал, Феменија…


Десниот бек се обврза на соработка до 30 јуни 2027 година. Кога е во прашање составот од „Колисеум“, како опција е да дојде уште еден ветеран, ас со огрoмно искуство на фудбалската сцена-Дани Парехо.