Попова Шапка и Берово забележаа најниски утрински температури во Македонија, додека времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за пороен дожд и грмежи во некои делови.
Попова Шапка и Берово утрово беа најстудените места во земјава, со измерени минимални температури од 8 степени Целзиусови.
Температура од 10 степени е измерена во Маврови Анови и Крива Паланка, додека во Крушево, Струмица, Охрид, Претор и Прилеп се измерени 12 степени. Во Тетово, Куманово, Кавадарци и Скопје-Петровец минималната температура изнесувала 14 степени.
Во Велес, Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија се измерени 15 степени, во Виница и Битола 16, а најтопло утрово било во Демир Капија, со минимална температура од 19 степени.
Според прогнозата, денеска времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. На некои места дождот ќе биде пороен и пообилен, проследен со грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се движи од 18 до 21 степен.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.








