Карлос Алкарас пристигна во Шангај со освоена титула во Токио, а добрите импресии кои ги имаше во Јапонија му донесоа позитивни вибрации и на стартот во Кина.
Шпанскиот тенисер не ја повтори грешката на Новак Ѓоковиќ и влезе максимално фокусирано во пресметката со Хуан Мануел Серундоло, но покрај со добрата игра, Алкарас се истакна и со интересниот имиџ.
Алкарас по победата во Токио на целиот свој тим му порача дека ќе треба да се појават со мустаќи на следниот, а токму тоа денеска беше случај во Шангај.
Promise kept 🤝
Carlos & his whole team rocking the moustache 😅
@carlosalcaraz #RolexShanghaiMasters https://t.co/RTHnJkCehI
— Tennis TV (@TennisTV) October 10, 2026
Покрај Алкарас, со нов имиџ се појавија и сите членови од неговиот тим, а одржаниот збор им донесе и среќа во пресметката со Серундоло.
Карлито без големи проблеми се справи со Аргентинецот, па со идентични 6:3 и 6:3 се пласираше во третата рунда на најважниот Мастерс турнир во Азија.








