[ВИДЕО] Ферстапен профитираше од грешката на Расел за спринт победа, возачите на Мекларен се судрија во последниот круг

Дерби

10/10/2026

13:48

215

Големина на фонт

а а а

По освоената пол-позиција во вчерашната сесија, Макс Ферстапен продолжи со добрите настапи во Сингапур, иако мора да се нагласи дека денеска доби мала помош и од Џорџ Расел.

Поради лошите временски услови, спринт трката почна 40-тина минути подоцна, а кога дојде време за главните саботни возбудувања, Џорџ Расел реагираше подобро од Ферстапен.

Возачот на Мерцедес го искористи лошиот старт на четирикратниот шампион и му го украде првото место, но во вториот круг направи голема грешка и се заби во заштитната ограда.

Поради инцидентот, трката мораше да биде прекинатат и рестартирана со безбедносно возило, а во продолжение, Макс имаше мирна трка и без проблеми го одбрани водечкото место.

Тоа важеше и за сите останати позиции до последниот круг, кога обидот на Ландо Норис да го мине Оскар Пјастри заврши во катастрофа за Мекларен.

Допирот заврши кобно за Пјастри кој ја заврши трката, додека Ландо успеа да се врати, но наместо четврти, заврши осми. Втор на денешниот спринт заврши Луис Хамилтон кој не беше во опасност од двоецот на Мекларен, додека од нивниот судир профитираше и Шарл Леклер кој на крајот заврши трети на денешниот спринт.