Карик излезе со загрижувачки вести за првотимецот кој го исмеваа Сколс, Руни и Бат

Дерби

10/10/2026

13:46

213

Големина на фонт

а а а

Бенјамин Шешко поради повреда на потколеницата го пропушти последниот натпревар на Манчестер Јунајтед кој се одигра пред три недели, тоа автоматски значеше дека нема да биде достапен за Словенија на четириет средби во Лигата на нации, но иако се веруваше дека овој период ќе биде доволно долг да се опорави, напаѓачот останува недостапен за Мајкл Карик и на средината на месец октомври.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед излезе со малку загрижувачка изјава за состојбата на напаѓачот, кој во изминатите три недели беше исмејуван од легендите поради тоа што не собира храброст да игра со таква повреда.

Пол Сколс, Ники Бат и Вејн Руни го исмеваа Шешко и порачаа дека во нивно време се ставале само штитници на нозете и се играле натпревари ако имате проблем со потколеницата, но во случајот со Словенецот, проблемот очигледно е покомплексен од тоа што првично се мислеше.

Иако не е детектирана пукнатина или скршеница на тибијата, напаѓачот чувствува голема нелагодност и болка на чувствителен дел од ногата, па Карик сега призна дека нема точен датум за тоа кога напаѓачот би се вратил на теренот.

– Медицинскиот тим работи со Шешко и се уште не знаеме уште колку време ќе треба. Се надеваме дека брзо ќе може да ни биде оспособен за игра, но во овој момент немаме јасна слика за тоа кога би можел да се врати на терените, – изјави Карик пред дербито со Тотенхем кое се игра денеска на „Олд Трафорд“.