Снимка од Овалната соба во Белата куќа привлекува големо внимание на социјалните мрежи, но овојпат Доналд Трамп не е во центарот на вниманието. Корисниците најмногу ги заинтригира жената која стоела зад американскиот претседател.
Многумина го коментираат нејзиниот изглед и држење, а некои дури се прашуваат дали снимката е вистинска.

Набрзо се дознало дека станува збор за Сузан Дел, сопругата на милијардерот Мајкл Дел, основачот и извршен директор на технолошката компанија „Dell Technologies“. Брачниот пар ја посетил Белата куќа за заедно со Трамп да претстави инвестициска програма наменета за деца.
Зошто ја посетиле Белата куќа?
Мајкл и Сузан Дел се сретнале со Трамп во Овалната соба за да го претстават проширувањето на програмата „Trump Accounts“, која им овозможува на американските деца да отвораат инвестициски сметки.
Станува збор за сметки на кои парите се инвестираат и штедат за иднината на децата, а средствата ќе им бидат достапни кога ќе наполнат 18 години. Програмата е поддржана од американската влада, големи компании и приватни донатори, меѓу кои е и семејството Дел.
Мајкл Дел и неговата сопруга се долгогодишни познаници на Трамп, а преку својата хуманитарна фондација финансираат и бројни проекти наменети за деца и млади, особено за оние кои растат во посиромашни средини.
„Дали ова е вистинско или е вештачка интелигенција?“
Иако поводот за нивната посета било претставувањето на програмата за деца, на социјалните мрежи најмногу се коментира самата снимка од Овалната соба.
Посебно внимание привлекла Сузан Дел, која стоела зад Трамп. Некои корисници го опишаа нејзиното држење како „роботско“, додека други коментираа дека целата сцена изгледа како да е од некоја хумористична или научнофантастична серија.
„Ова е сериозно една од најчудните работи што некогаш сум ги видел. Што е ова, по ѓаволите? Секој детаљ. Кога конечно ќе се вратиме во нормала?“, напиша еден корисник на социјалната мрежа Икс.
„Колку подолго гледам, толку полошо станува… Дали е ова некој скеч од Сатурдеј Најт Лајв?“, се запраша друг.

„Животот сè повеќе почнува да наликува на некаква чудна комбинација од „Зона на самракот“ и „Црно Огледало“, додаде трет.
Некои ги коментираа и останатите лица кои биле во просторијата.
„Навистина е бизарно. Луѓето во администрацијата на Трамп изгледаат како зомбија или вонземјани“, напиша еден корисник.
„Дали ова е вештачка интелигенција или што? Кои се сите овие луѓе околу Трамп, а особено оваа необична жена?“, се прашувал друг.










