Стивен Џерард е легенда на Ливерпул, клуб во кој настапуваше скоро три децении ако се земе предвид настапот и времено минато и во младите категории.
Тој беше дел од Ливерпул кого реално клубот беше во втор план на домашната сцена затоа што секогаш имаше тим кој беше посилен, финансиски помоќен од нив, но во тоа време беа освоени повеќе Куп трофеи, но и неколку меѓународни пехари меѓу кои и Лигата на шампионите.
Џерард својата приказна со „црвените“ ја заврши во летото 2015 по кое се пресели во ЛА Галакси за да неколку месеци подоцна на „Енфил Роуд“ пристигне Јирген Клоп и тргне една успешна епизода за премиерлигашот.
Токму за ова Стиви Џи најмногу жали, што не останал или не знаел дека Германецот ќе пристигне и ќе ја води екипата.
-Би жртвувал многу работи, професионално и лично, за да би имам можност да играм за Клоп, -вели Англичанецот.
-Ми беше понуден едногодишен договор на крајот од мојата кариера во Ливерпул за да останам уште една година. Но, разговарав со стучниот штаб и Ливерпул и разговорите беа повеќе како, ќе бидеш играч со помала улога, ќе играш помалку минути, знаете, не толку активен колку што би сакал да бидам.
-Но, ако знаев дека Јирген дефинитивно ќе дојде, не знаев во тој момент кога ја донесов одлуката. Да знаев дека Јирген ќе дојде, ќе ризикував и ќе останев и ќе се обидував да го импресионирам Јирген и можеби ќе ја имав таа можност на крајот од мојата кариера. Но, за жал, донесов одлука да се преселам. Гледајќи наназад, ќе останев, -вели некогашниот капитен на англискиот великан.







